Анџелина Џоли ручаше во познат француски ресторан во Лос Анџелес со синот Пакс, а потоа мајката и синот беа во шопинг, пишуваат американските таблоиди кои ја сликаа филмската ѕвезда во неделата. Тие велат дека глумицата воопшто не изгледа анорексично, како во изминатите месеци, туку дека била насмеана и изгледала одлично во едноставен, а елегантен беж фустан без прерамки.
Пакс е еден од синовите, а Анџелина го посвои од Виетнам кога имаше три години. Освен 14-годишниот Пакс, има уште пет деца, ќерките Захара (13), Шајло (12) и Вивиен (10), и синовите Медокс (16) и Нокс (10).