Откако Анџелина Џоли и Бред Пит со години не можеа да се договорат околу старателството на децата, глумицата сега попушти и му дозволи на поранешниот маж да ги гледа редовно. Според „Дејли мејл“, Бред и Анџелина во моментов се во добри односи, па затоа Бред ќе може секој трет ден да ги зема децата кај себе.
„Тие живеат на само 10 минути оддалеченост еден од друг. Почнаа дури и да комуницираат нормално. Анџелина е изненадена што нејзиниот поранешен маж е трезен веќе неколку години и што престана да пуши марихуана, па затоа реши да попушти. А и децата сакаат да поминуваат повеќе време со него“, рекол извор близок до Џоли за „Дејли мејл“.
Бред и Анџелина се запознаа 2005 година на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Се разведоа во 2016 година. Имаат шест деца.