Антонио Бандерас ги избричи главата и веѓите

Антонио Бандерас (57) во средата, на 21 март, предизвика огромно внимание на црвениот тепих во Мадрид откако се појави сосема непрепознатлив.

Бандерас е познат по својата густа кадрава коса, па многумина биле шокирани кога на овој настан се појавил со избричена глава и без веѓи.

Причина е новата улога на актерот за која било потребно да го смени физичкиот изглед.

Се работи за серијата „Гение: Пикасо“, во која го игра ликот на прочуениот уметник.

„За мене тоа што го глумам Пикасо е голем ангажман. Неговиот живот ми е фасцинантен, а доаѓа од мојот роден град, Малага“, изјавил Бандерас по повод оваа значајна улога во која, како што и самиот вели, одлично се снашол.

Инаку, не е првпат Бандерас да го смени имиџот и целосно да ја скрати косата, слично вакво изненадување направи и во 2013 година, кога го снимаше филмот „Триесет и тројцата.

Актерот неодамна доживеа поблаг срцев удар, по што одлучи да се посвети на зачувување на здравјето и помалку стресен и напорен живот. За жал на неговите обожаватели, и да ги намали ангажманите на големото платно.

Scroll to Top