Ар Кели e осуден за секс-трговија и злоупотреба на малолетнички

Американскиот аренби-музичар Ар Кели, познат по песната I Believe I Can Fly, денеска беше прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички. Неколкумина што го тужеа пејачот за време на судењето детаљно сведочеа за тоа како тој ги подложил на изопачени и садистички каприци кога тие биле малолетни лица.

Тој, инаку, со години ја избегнуваше кривичната одговорност за многуте наводи за недолично однесување кон младите девојки и деца.

Поротата, составена од седум мажи и пет жени, како што јавуваат западните медиуми, го прогласи Ар Кели за виновен по два дена разгледување на случајот. Обвиненијата беа засновани на аргументи дека менаџерите и помошниците му помогнале на пејачот „да ги запознае девојките и да ги држи послушни и тивки“, што се претворило во криминално дејство.

 

Scroll to Top