Светската ѕвезда Џенифер Лопез се појави на „Доха фестивал сити“ во Доха, Катар и од организаторот доби 3 милиони долари за 20 минути да одговaра на прашања на посетителите. Два милиона ѝ беа исплатени како хонорар, а еден милион за да ги покрие трошоците за патување, пишува „Ти-ем-зи“.
Според американскиот портал, Џенифер пристигнала во Катар, 20 минути им зборувала на фановите за правата на жените и одговарала на прашања, десетина минути се фотографирала со нив, и потоа се вратила во Америка.
Истиот портал пишува дека следната недела авио-компанијата „Катар ервејс“ ќе ѝ плати 1,2 милиони долари за да се појави на нивната забава во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Од неа, неофицијално, се бара да се појави 20 минути, да каже нешто и да позира пред фотографите.
„Катар ервејс“ преку „Твитер“ веќе ја најави Џенифер како гостин на забавата.