Аријана Гранде собори дваесет Гинисови рекорди

Светската ѕвезда Аријана Гранде дваесет пати е запишана во Гинисовата книга на рекордите. Таа сруши пет рекорди по излегувањето на нејзиниот последен албум Positions.

Според Гинис, Аријана сега е рекордер по бројот на песни што дебитираа на врвот на американските топ-листи, и тоа Positons, Thank u next, 7 rings, Stuck With U и Rain On Me, сите објавени во претходните две години. Најблиску до неа се Мараја Кери, Дрејк, Џастин Бибер, Тревис Скот и Тејлор Свифт, на кои тоа им успеа само трипати.

Аријана е запишана и како жена со најмогу следбеници на „Инстаграм“, има рекорден број слушатели на Spotify за еден месец во женска конкуренција, а на оваа платформа ја следат над 54 милиони луѓе. Таа е втора во генералниот пласман зад Ед Ширан.

Гранде е единствената ѕвезда во историјата која истовремено се наоѓаше на првите три места на американските топ-листи во 2019 година. Само „Битлси“ имаше таков успех уште во 1964 година.

Аријана е и првата жена што самата се симна од врвот на американските топ-листи и таа е единствената што имаше 11 песни меѓу првите 40 во еден момент.

Некои од рекордите што ги држи се невообичаени, па нејзината тетоважа Eevee од Pokemon е прогласена за најпопуларна Eevee-тетоважа.

Scroll to Top