Аријана Гранде се омажи за агентот за недвижнини Далтон Гомез

„Венчавката беше мала и интимна, со помалку од 20 луѓе. Парот и нивните семејства не можеа да бидат посреќни“, изјави за „Пипл“ портпаролот на Аријана.

Минатата година таа го претстави својот новето ново момче Далтон Гомез во видеозапис што го направи со Џастин Бибер за нивната дуетска песна „Stuck with U“, која ја снимија во карантин и неодамна ја објавија.

Видеото е особено интересно затоа што покрај бројните јавни личности, вклучија и свои обожаватели, а заработката од него е наменета за финансиска помош на деца на кои им е потребна.

Специјално изненадување се случи на крајот од видеото кога Аријана реши официјално да го претстави своето ново момче Далтон Гомез.

Покрај тоа, во видеото за дуетот на Аријана и Џастин се појавуваат и сопругата на Џастин, Хејли, потоа Кендал и Кајли Џенер, Деми Ловато со своето момче, Гвинет Палтроу, Лил Дики, Џејден Смит, Мајкл Бабл, Ештон Качер и Мила Кунис.

 

Scroll to Top