Аријана Гранде се прости од поранешниот дечко, раперот Мек Милер

Музичката ѕвезда Аријана Гранде со фотографија од својот приватен албум се прости од поранешниот дечко, раперот Мек Милер, кој викендот беше пронајден мртов. Црно-белата фотографија Аријана ја сликала лани, кога двојката беше во врска. Мек Милер и пејачката беа во врска неколку години. Тие раскинаа пред 6 месеци, по што Гранде се сврши со новото момче, Пит Дејвидсон.

„Бев загрижена за него и се молев за неговото здравје со години. Се обидев и да му помогнам“, изјави Аријана по неговата смрт.

Откако семејството на Мек Милер потврди дека раперот починал, неговите фановите ја обвинија Аријана за неговата смрт. Американските таблоиди пишуваат дека 26-годишниот рапер најверојатно починал од предозирање. Причината за смртта на музичарот засега не е потврдена.

Фановите на Мек Милер ја обвинија Аријана Гранде за неговата смрт

Scroll to Top