Арми Хамер е новиот Бетмен

Американскиот глумец Арми Хамер  ќе биде новиот Бетмен. Глумецот кој стана популарен со улогата во хит-филмот Call Me by Your Name треба деновиве да го потпише договорот со „Ворнер брадрс“ и „Ди-си комикс“. Режисер на новиот филм за Бетмен ќе биде Мет Ривс.

Арми Хамер ќе го замени Бен Афлек, кој минатата недела и официјално потврди дека веќе нема да го глуми херојот од Готам. Претходно оваа улога ја играа и Мајкл Китон, Вал Килмер и Џорџ Клуни.

Scroll to Top