Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер и официјално се разведоа 10 години по разделбата

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер и официјално се разведе од Марија Шрајвер, 10 години откако го почнаа процесот. Тие беа во брак 35 години.

Шрајвер, која е внука на убиениот американски претседател Џон Кенеди, поднесе барање за развод во 2011, откако дозна дека Шварценегер имал афера со семејната дадилка Милдред Баена, која му родила син во 1997 година.

Судските документи покажуваат дека конечно бил постигнат конечен договор помеѓу ѕвездата на „Терминатор“ и новинарката, но условите од разводот не се достапни за јавноста.

Арнолд и Марија се венчаа во 1986 година и заедно имаат четири деца.

Scroll to Top