Aрнолд Шварценегер ѝ подари електричен автомобил на Грета Тунберг

Славниот актер Арнолд Шварценегер по повод обраќањето на младата активистка Грета Тунберг во Обединетите нации за климатските промени ѝ подари електричен автомобил.

Шварценегер вели дека имал чест да ја запознае Грета додека престојувал во Австрија годинава. Ветил дека ќе ѝ помогне во битката против климатските промени.

Актерот е познат по неговите настапи против глобалното затоплување и острите говори против светските лидери. Шварценегер на почетокот имал желба да ѝ подари на Грета хамер, но неговиот портпарол објаснил дека било тешко оствариливо.

„Такво возило е тешко да се транспортира низ целата земја. Место тоа се одлучил за возило од брендот „тесла модел 3““, изјавил портпаролот на Шварценегер.

 

Scroll to Top