Арнолд Шварценегер за Божиќ донираше 25 куќи за бездомните воени ветерани

Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер (74) во својата објава на „Инстаграм“ откри дека донирал пари за изградба на 25 куќи за воени ветерани бездомници во Лос Анџелес.

Арнолд разговарал со неколкумина од корисниците на неговата добротворна организација.

– Денес рано го прославив Божик, 25-те дома што ги донирав за бездомните ветерани изградени се во Лос Анџелес. Беше фантастично да поминеме малку време со нашите херои и да им посакаме добредојде во нивните нови домови – напиша ѕвездата на „Терминатор“ на својата инстаграм-страница.

Scroll to Top