Асистентката не ја трпела Меган, па си дала отказ по шест месеци

Асистенктката на Меган Маркл, Мелиса, дала отказ од работното место по само шест месеци работа. Главната причина за напуштањето на работата не е позната, иако како главен виновник се смета токму војвотката.

Извори од палатата велат дека Меган е тешка личност што се однесува до карактерната особина, а тоа за медиумите го открила и нејзината поранешна агентка Џина Нелторпе уште пред венчавката со Хари.

Џина за медиумите изјавила дека Меган била тешка личност и дека нејзините потреби секогаш биле во прв план. Таа била пребирлива и наоѓала замерки во се. Меган се оддалечувала од сите кои не го делеле нејзиното мислење.

Претставникот од Кенсингтонската палата одбил да го коментира заминувањето на Мелиса, но во јавноста веќе се зборува дека покрај Меган, дополнителен стрес за Мелиса и бил и нејзиниот татко Томас Маркл.

„Мелиса е исклучително талентирана личност и одиграла клучна улога во кралската венчавка и многу ќе ни недостастува“, открил извор близок до кралското семејство за британски „Дејли Мејл“.

 

Scroll to Top