Австралискиот диџеј Адам Скај загина во несреќа на островот Бали

Диџејот Адам Нит, чие уметничко име е Адам Скај се здобил со фатални повреди во обид да и помогне на својата пријателка и соработничка Русинката Зоја Лукианчева, со која бил на приватна журка на островот Бали.

Полицијата е убедена дека австралискиот диџеј починал на луксузниот имот во обид да и помогне на неговата соработничка која паднала од тераса за време на приватна журка.

Адам во тие моменти се здобил со страшни повреди, од кои подоцна починал. Тој бил пронајден во безживотна состојба кај базенот околу 10 часот во саботата на 4 мај.

Според полицискиот извештај диџејот од Мелбурн отседанл во скапоцената вила со уште две личности, а според зборовите на очевидците, Лукианчева се лизнала на терасата и паднала четири метри покрај базенот, каде ја скршила ногата.

Детективите се убедени дека Адам трчајќи да и помогне од сосениот двор, поминал низ стаклото на вратите за да влезе дома. При таквиот обид тој се здобил со бројни исекотини на раката, од кои искрварил до смрт.

 

Полицијата навела дека во тие моменти Адам бил во алкохолизирана состојба. Останатите соседи велат дека Адам бил исклучително љубезн кон сите. Тој неодамна бил во Сингапур, а минатата година се најде на третото место на листата најдобри диџеи во Азија.

По овој трагичен повод се огласило и семејството на починатиот диџеј на неговиот Инстаграм профил, каде ја потврдиле трагичната вест.

 

Scroll to Top