Австриска принцеза почина на 32 години

Принцезата Марија Галицине, која потекнува од австрискиот цар Карло Први, почина денеска во нејзиниот дом во Хјустон, како последица на срцева аневризма, проширување на крвните жили. Таа почина на 32 година возраст.

Зад себе остави двегодишен син, пренесува „Дејли Мејл“. Во моментот на смртта, со неа бил нејзиниот партнер Риши Руп Синг, со кого таа живеела во Хјустон, а се венчаа пред две години на имотот на нејзините родители.

Иако принцезата починала пред десетина дена, веста за нејзината смрт, семејството ја објави дури сега.

„Нашата Марија почина во својот дом на 4. мај, од срцева аневризма“, објави семејството.

Марија е родена во 1988 година, во Луксембург и е ќерка на принцезата Пјотр Галицине и надвојвотката Марија Ане. Нејзината мајка е ќерка на австрискиот надвојвода Рудолф.

Нејзиниот дедо и баба, се прогонети од Австрија по Првата светска војна, а нејзиниот прадедо, австрискиот цар Карло Први, почина во 1922 година. Марија е едно од шесте деца.

Нејзината сестра Татијана (36) во една прилика изјавила дека тие не се одгледани како кралско семејство, туку живееле како сите останати. Единствената разлика била тоа што биле поканети на кралските венчавки.

„Некогаш ми испраќаа мејлови и ми се обраќаа со принцеза. Тоа ми беше чудно“, изјавила сестрата на Марија.

 

Scroll to Top