Бали-бег и Неџла прославија пет години брак

By

Турскиот актер Бурак Озчивит, попознат како Бали-бег, прослави 5 години брак со турката актерка Ферхије Евќен, со која се запознале на снимањето на серијата „Дневник на љубовта“.

dobivaj vesti na viber

Тие почнаа да се забавуваат во 2013 година, но врската ја криеја од јавноста. Следуваше свадба од бајките. По некое време, открија детали за својата љубов и дека Бурак ја побарал за жена Ферхије на нејзиниот роденден. Тие се венчаа на 29 јуни 2017 година во луксузната вила „Саит Халим-паша Џалиси“ во Истанбул, а на церемонијата присуствуваа само семејството и тесен круг пријатели. На Малдивите уживаа во меден месец. Во април 2019 година Бурак и Фехрије го добија синот Каран. Медиумите почнаа да шпекулираат за брачни несогласувања уште во 2020 година. Актерите извесно време не сакаа да коментираат за нивниот брачен живот.

Бурак негира дека се развеле, но потврди дека имале многу предизвици поради здравствената состојба на таткото на Фехрија, која многу лошо се одразила на неа. Освен што е еден од најзастапените актери во турските таблоиди, Бурак Озчивит е многу популарен и на социјалните мрежи, каде што го следат повеќе од 20 милиони следбеници. Само една негова фотографија за половина час често достигнува бројка од 200.000 лајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Ќе ви се допадне