Банкротираниот Џејми Оливер отвора 21 нов ресторан

Познатиот британски готвач Џејми Оливер ќе отвори неколку нови ресторани во целиот свет, само шест месеци откако банкротираше. Тогаш Оливер ги затвори сите ресторани во Британија, по што околу 1.000 луѓе останаа без работа, но неговите ресторани ширум светот продолжија да работат.

Сега, групацијата „Џејми Оливер“ објави планови за отворање 21 нов ресторан. Тие ќе бидат отворени до крајот на 2020 година. Најмалку два ќе бидат од новиот тип за „опуштен ручек“ и ќе го носат името „Џејми Оливер кичен“. Првите два нови ресторана ќе бидат отворени во Бали и Бангкок до крајот на ноември.

 

Инаку, во рамките на групацијата на Џејми работат 70 ресторани во 27 земји, од кои сите работат како франшизи. Деветнаесет нови ресторани ќе бидат отворени следната година под различни брендови, вклучувајќи ги „Џејми италијан“, „Џејми Оливер пицерија“, „Џејми дели“ и „Џејми Оливер дајнер“.

Scroll to Top