Банкротираше актерот Вилијам Леви

Кубанскиот актер Вилијам Леви е пред банкрот. Тој изгради успешна кариера глумејќи во мексикански сапунци. Но, откако се појави во спотот на Џенифер Лопез за песната I’m Into You, се обиде да се прослави во Холивуд. Актерот почнал да ги одбива улогите што му ги нуделе продуцентите на мексиканските серии со надеж дека ќе добие улога во холивудски блокбастер.

По некое време понудите за улоги престанале да доаѓаат, а Вилијам веќе не заработувал. поради неисплатен кредит кон банката куќата му била запленета, а тој направил долг  од 15 милиони пезоси.

 

Леви сега се соочува со банкрот. Мексиканските медиуми, кои први ја објавија веста за банкротот, пишуваат дека ако не сака да ги ислати долговите, ќе мора да се врати на снимањето сапуници, кариерата од која се обидел да избега.

Scroll to Top