Светската музичка ѕвезда Барбра Стрејсенд сниими нова песна во која го нарекува американскиот претседател Доналд Трамп, лажго. Песната „Не лажете ме“ го изразува неодобрувањето кон управувањето на Трамп. Таа ќе се најде и на новиот албум на пејачката, наречен „Ѕидови“.
„Како можеш да спиеш спокојно, кога сѐ што направивме се сруши? Како можеш да спиеш спокојно, кога светот е во пламени?“, напиша пејачката и вели дека очекува одговори од Трамп.
Стрејсенд е голем критичар на Трамп. Таа лани изјави дека кога ќе слушне лоша вест прво помислува на него, оти тој е најнегативниот човек на светот.