Бебе Реџа има биполарно нарушување

Музичката ѕвезда со македонско потекло Бебе Реџа откри дека има биполарно нарушување поради што многу често не се чувствува добро и дека тоа ѝ ја отежнува работата, пишува Би-би-си. Таа за својата болест пишуваше и на „Твитер“, па рече дека веќе не се чувствува засрамено поради својата здравствена состојба.

„Не разбирав зошто се чувствувам болно. Често чувствував пад во расположението поради што не сакав да го напуштам домот и не сакав да бидам опкружена со луѓе, а не ни спиев, што често ме наведуваше да престанам со работа и да ставам крај на музичката кариера“, напишала Реџа.

Таа во едно скорешно интервју откри дека работи на нови песни и дека почнмала да компонира откако се својата болест. Луѓето со биполарно нарушување, според лекарите, имаат екстремни промени на расположението кои може да варираат од депресија до манични напади. Кога се депресивни, луѓето се чувствуваат летаргично, а кога имаат маничен напад нивната радост е пренагласена. Лицата со биполарно нарушување често страдаат од несоница, немаат апетит, лесно се нервираат и трошат пари на работи кои не им се потребни. Тие може да доживеат и психоза, односно да гледаат и слушаат работи што не се реални или веруваат во работи што не се вистинити.

Scroll to Top