Бекамови прославија 21 година брак

Дејвид и Викторија Бекам прославија 21 годишнина брак. Двајцата не го кријат приватниот живот од јавноста и често зборуваат за интимните детали и за нивниот љубовен живот.

Јавно открија дека кога се запознале, Викторија му се заканила дека ќе го претепа ако не ја побара. Врската ја започнале во тајност, затоа што модната дизајнерка тогаш била во врска со друг. Поранешната спајсица не криела дека во нивниот прв заеднички дом, имале соба која им служела само за секси игри.

„Со мојот сопруг секоја вечер легнуваме заедно, но ќе излажам ако кажам дека одиме да спиеме“, открила Викторија во едно од своите интервјуа и не криела дека обожава да ја носи секси долната облека која и ја купувал нејзиниот сопруг.

Дејвид и Викторија имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Scroll to Top