Бекамови тужат жена која тврди дека е мајка на нивната ќерка Харпер Севен

Дејвид и Викторија Бекам поднесоа тужба против Шерон Бел која тврди дека е биолошката мајка на нивната ќерка Харпер Севен.

Таа го обвини Дејвид Бекам дека ѝ ги украл нејзините јајцеклетки со кои е зачната Харпер. Бекам сега поднел тужба против неа затоа што често му праќала писма и му се појавувала на врата. Ја чекала Харпер и пред училиште за да може да разговара со неа, пренесе „Би-би-си“.

„Бел живее во лага и мисли дека е во врска во Дејвид Бекам. Таа мисли дека тој ги украл нејзините јајцеклетки и дека Харпер е нејзина ќерка. Затоа на 18 ноември минатата година ја чекала и пред училиште. Дејвид тврди дека не ја познава и дека таа не е мајката“, рече обвинителката.

На сослушувањето Бел рекла дека не е виновна. Судењето ќе се одржи во јули годинава. Судијата истакнал дека се работи за бизарно тврдење.

Scroll to Top