Бекамови за одморот во Хрватска плаќале 15.000 евра од ноќ

Викторија Бекам објави нови фотографии од одморот во Хрватска, а како што пренесуваат хрватските медиуми семејството го напуштило Дубровник.

„Последниот ден од летото. Те сакам Дејвид”, напиша таа.

Семејството Бекамови како минатата година така и оваа дестинација за одмор го одбраа јадранското крајбрежје.

Според информациите од официјалната веб-страница на комплексот, изнајмувањето за 10 лица по ноќ чини 15.000 евра, што е за 5.000 евра повеќе од лани, но секако зависи од временскиот период во кој е резервиран станот.

„Семејното време е се. Среќен викенд и бакнежи од сите нас“, напиша модната дизајнерка покрај фотографиите.

Хрватските медиуми објавуваа фотографии од Бекамови како се забавуваат на Лопуд, недалеку од најлуксузниот имот Лопуд 1483, каде што порано имало францискански манастир. Таму се одмараа и минатата година.

 

Scroll to Top