Бен Афлек бара девојка на интернет

Бен Афлек не сака да биде сам, па глумецот почнал да бара девојка на интернет, открива негов близок пријател. Афлек, кој се разведе од глумицата Џенифер Гарнер пред три години и кој во меѓувреме водеше тешка борба со зависноста од алкохол, сега сака повторно да го врати животот во нормала.

Неименуван извор откри дека Афлект неодамна отворил профил на апликација за запознавање луѓе и дека сака да најде некоја девојка преку интернет.

„На Бен му е потребно друштво. Тој не сака да биде со позната личност и сака да најде девојка на интернет. Тој во моментов е фокусиран на работата и на трите деца кои ги има со Гарнер. Но, исто така подготвен е повторно да се заљуби“, вели изворот.

Афлек поради децата остана во добри односи со Гарнер. Поранешната сопруга му помогна во најтешкиот период од неговиот живот. Таа неколку пати го носеше на клиника за одвикнување.

Поради проблемите со алкохолот, Афлек мораше да го одложи и снимањето на третиот дел на филмот „Бетмен“. Минатата година тој трипати заврши на клиника и објасни дека не е во можност да го даде максимумот за улогата на суперхерој.

 

 

Scroll to Top