Бен Афлек фатен во лага за неговата тетоважа на грбот

Грбот на холивудскиот актер Бен Афлек деновиве повторно се нашол во центарот на вниманието откако актерот бил виден на плажа со шарена тетоважа што му го прекрива грбот, а за која пред две години рекол дека е лажна.

Иако Бен тогаш тврдел дека тетоважата ја направил само за потребите на снимањето на еден филм, се открило дека тоа не е вистина.

Бен е снимен за време на подготовката за новиот филм Tripl Frontier во Мајами.

Првпат оваа тетоважа папараците ја забележале во 2015 година, по разводот со актерката Џенифер Гарнер, но Бен тогаш упорно тврдел дека не е вистинска.

„Лажна е, тоа е за филм“, изјавил Бен, кој рекол дека  има тетоважи на многу места на своето тело, но дека секогаш може многу лесно да ги отстрани.

Неговиот „украс“ на грбот, го прокоментира и неговата поранешна сопруга со која има три деца. Повеќе за тоа на следниот линк:

 

Scroll to Top