Бен Афлек го остави алкохолот, сака да биде татко за пример

By

Популарниот холивудски глумец Бен Афлек го оставил алкохолот и голем дел од своето време сега го поминува со својата поранешна сопруга и со децата, пишуваат светските таблоиди.

Бен, кој до неодамна имаше проблеми со алкохолот, сега вели дека сака да биде пример за своите деца и дека ужива во времето што го поминува со нив и неговата поранешна сопруга, глумицата Џенифер Гарнер.

Папараците го снимиле со својата помлада ќерка, дванаесетгодишната Серафина, во еден од квартовите во Лос Анџелес. Покрај Серафина, Бен и Гарнер го имаат и 15-годишниот син Вајолет.

Оскаровецот од алкохолизам првпат се лекуваше во 2001 година. Во 2017 и 2018 година мораше да оди повторно на рехабилитација. Поради проблемите со алкохолот, се разведе и од Џенифер. Тој денес е во среќна врска со 32-годишната помлада колешка Ана де Армас.

 

Ќе ви се допадне

Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview 02 at website https://animefreak.ws my hero academia animefreak

Assassination Classroom (Dub) Episode 22 at AnimeHeaven animeheaven unblocked