Бен Афлек и Џенифер Лопез подготвуваат нова свадба која ќе трае три дена за пријателите и семејството

Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа пред месец дена на интимна церемонија во Лас Вегас, а сега се подготвуваат за голема свадбена фешта, пренесоа светските медиуми.

Двајцата викендов ќе прават забава која ќе почне со пробна вечера во петок. Во сабота ќе биде одржана церемонијата, додека последниот ден во неделата ќе биде со скара и ќе има пикник.

„Бен сака денот да биде целосно посветен на Лопез“, рече извор близок до нив за Page Siks. Тој додаде дека пејачката ќе носи фустан од Ralf Loren, кој специјално го купила во Италија.

Целиот настан до последен детал го планирал Колин Кауви, познат како еден од најдобрите во во овој бизнис. Неговите хонорари се движат од 25.000 до 25 милиони долари, а во минатото продуцирал настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан и многу други ѕвезди.

Извори блиски до нив рекоа дека меѓу гостите ќе бидат Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео „ТМЗ“ минатиот месец извести дека свадбата ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо во Џорџија.

На свадбата ќе има репортери од „Вог“, чии фотографии ќе се најдат на некои од наредните изданија.

Scroll to Top