Бен Афлек и Џенифер Лопез не ја сакаат вилата на Петра Еклстон, познатата двојка сè уште е во потрага по нов дом

Бен Афлек и Џенифер Лопез не ја сакаат вилата во која некогаш живеела Петра Еклстон и сè уште се во потрага по нов дом. Тие биле видени како разгледуваат вили низ Беверли Хилс, а според „Дејли Мејл“ тие сè уште бараат дом кој би им одговарал.

Вилата на Еклстон, Spelling Manor вредна 165 милиони долари, не им била по вкус. Оваа вила ја изградил покојниот телевизиски могул Арон Спелин со неговата сопруга Кенди, по која ѝ го добила името. Изградена е во 1990 година, а во 2011 година Еклстон ја купила за 85 милиони долари.

Наводно таа вложила 20 милиони во реновирање, а откако се развела со претприемачот Џејмс Стунтон, имотот го ставила на продажба. Од анонимен купец од Саудиска Арабија, добила 120 милиони долари за неа, пренесе The Wall Street Journal.

Синти, според пишувањата на медиумите, имала просторија со голема колекција на порцелански кукли. Петра подоцна оваа просторија ја претворила во приватен козметички салон. Во неа има и голем паркинг плац, куглани, тениски терени, базени, кино и џакузи.

Вилата располага со 14 спални соби и 27 опремени купатила. Се е опремено до највисоки стандарди и се чека на новите сопственици.

Неколку дена откако Лопез потврди дека Бен Афлек ја запроси, пејачката споделува се повеќе детали за интимната свршувачка. Таа откри на нејзиниот блог On JLo дека Афлек ја запросил додека се капела и дека не го очекувала тоа од него.

За потсетување глумецот ја запроси Џенифер со дијамантски прстен со нејзината среќна зелена боја. Двојката претходно се сврши во 2002 година, а тогаш Бен ја побара со 6,1 каратен розев дијамантски прстен од брендот „Хари Винстон“.

Двајцата на крајот ја прекинаа свршувачката во 2003 година, а следната и се разделија. Повторно се смирија минатата пролет.

Scroll to Top