Бен Афлек и Џенифер Лопез не сакаат да се следат на социјалните мрежи

Бен Афлек и Џенифер Лопез по 20 години повторно се заедно, но двајцата сè уште не сакаат да се следат на социјалните мрежи. Лопез на Инстаграм ја следат 1.300 корисници, но меѓу нив го нема Бен. Исто така и Лопез не е на кратката листа на профили кои го следат актерот.

Медиумите пишуваат дека никој не знае дали станува збор за маркетиншки трик или, пак, можеби постојат некакви несогласувања меѓу нив. За потсетување, тие се појавија за првпат заедно во јавност откако ја обновија врската годинава.

Беа видени и на црвениот тепих во Венеција, на филмскиот фестивал каде што се прикажуваше премиерата на филмот „Последниот двобој“, во кој Афлек глуми. Објавија и неколку фотографии додека крстареле на јахта, а Бен бил виден и како разгледува свршенички прстен.

Двојката првпат се запозна во 2001 година, а заедно глумеа и во филмовите „Девојка од Џерси“, и „Гигли“. Тие се свршија во 2004 година, но до венчавка не дојде.

Scroll to Top