Бен Афлек му го спасил животот на Мет Дејмон

Глумецот Мет Дејмон во шоуто на познатиот американски комичар Конан Обрајан открил дека како дете Бен Афлек му го спасил животот. Од тогаш двајцата се неразделни пријатели. Дејмон во седумдесеттите години се степал со негов другар со кого заедно играле фудбал.

„Помислив дека ќе ме убие. Беше два метра висок и почна да ме удира. Ме собори на земја. Тогаш се појави Бен и успеа за момент да ја реши целата ситуација“, вели Мет.

Дејмон вели дека Бен успеал да развие инстикт на суперхерој долго време пред да стане Бетмен.

„Иако е помлад од мене, тој без многу мака успеа да го собори детето кое ме натепа. Го ризикуваше животот за мене. Тоа е пријател каков што треба да го има секој човек“, вели Мет.

Scroll to Top