Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот роденден

Глумецот Бен Афлек планира да ја запроси Џенифер Лопез за нејзиниот роденден. Пејачката на 24 јули ќе го прослави 52. роденден, а тогаш Бен планира да ја изненади со уште еден свршенички престен. Бен ја запсори Лопез еднаш во 2002 година, по само два месеци врска.

Тој тогаш и подари свршенички прстен од 6.1 карати на кои имаше розов дијамант. Но, само ден пред венчавката тие раскинаа. Подоцна глумецот рече дека притисокот кои им го правеле медиумите, била причината за нивната разделба.

„Бен сака да ѝ даде уште една шанса на Лопез и планира романтично запросување“, открил извор близок до нив двајцата.

 

Откако раскина со Афлек, Лопез потоа продолжи со конобарот Охани Ноа и танчерот Крис Џудо. И двата брака траеја околу година дена. Потоа Лопез се омажи за пејачот Марк Антони, со кого ги доби близнаците Еми и Макс.

Лопез на крајот беше со поранешната бејзбол ѕвезда Алекс Родригез, со кого прекинаа по свршувачката. Таа му се врати на Афлек по 17 години. Бен пак по прекинот со Лопез се омажи со холивудската глумица Џенифер Гарнер.