Беше згодниот дечко на Саманта од „Сексот и градот“ – Девојките се уште лудуваат по него

By
Саманта секогаш била со добри фраери, а денеска девојките и жените со насмевка се присетуваат, на некои од нејзините дечковци, дури и по 13 години.Прочуената американска серија „Сексот и градот“ и ден денешен е една од омилените женски телевизиски проекти, чии епизоди ни после толку репризирања не се пропуштаат.

Актерката Ким Катрал можеби стана планетарно популарна по улогата на Саманта Џоунс, најслободниот лик во серијата, остана позната по тоа што ги „јадеше мажите“.

За многумина Саманта е лик каков што всушност секоја жена треба да биде, без предрасуди, секогаш отворена кон новите искуства, без запирања кон предизвиците во секоја врска, а она што е најважно, по мажите никогаш не трчала, и ги доживувала како – миновни.

Еден од секси момчињата на Саманта беше русокосиот Смит Џерод, кој го глумеше ликот на Џејсон Луис. Се пјоави како долгокосото момче, а кога се ишиша, го покажа своето змиско тело, кое не само Саманта, туку ги споулаве и жените ширум светот.

Сигурно добро се сеќавате баш на оваа сцена…

 

Полни 13 години минаа откако серијата „Сексот и градот“ заврши, но убавиот Смит, жените и понатаму го паметат, и тоа со насмевка!

Погледнете го денес:

 

 

Ќе ви се допадне