„Беверли хилс“ со најголем пад на гледаноста летово

Продолжението на хит-серијата од 90-тите „Беверли хилс“ летово го бележи најголемиот пад на гледаноста земајќи ги предвид првата епизода од новиот серијал прикажана на 7 август и минатонеделната, засега претпоследна епизода.

Падот на новата серија, која сега се вика  „БХ 90210“, е 65 отсто.

Во ова продолжение глумат седум од осумтемина глумци од главната постава, без Лук При (Дилан), кој во март почина по мозочен удар.

Но, и покрај сѐ ова, на ИМДБ, просечната оценка на епизодите од гледачите изнесува 8 од 10.

Scroll to Top