Бездомник провалил во куќата на Џони Деп, се истуширал и пиел во мини барот на глумецот

Бездомник пред неколку дена провалил во куќата на Џони Деп во Холивуд Хилс. Тој не украл ништо, само се истуширал во една од десетте бањи на имотот, а потоа се послужил со алкохол од мини барот, пишуваат американските медиуми.

Во времето на упадот актерот не бил во куќата во вид на замок, вредна 19 милиони долари. Член на неговиот персонал повикал полиција кога забележал дека има некој во домот, а натрапникот бил приведен. Тој е осомничен за кривично дело вандализам бидејќи ја оштетил влезната врата.

Ова е втор упад во домот на популарниот актер за само два месеца. Во јануари жена влезе во резиденцијата на Деп, но веднаш избега кога се активира безбедносниот аларм.

Актерот ја купи куќата, која личи на замок од 20-тите години, во 1995 година. Освен ова, има уште неколку куќи во Америка и Европа.

Scroll to Top