Бијонсе, Бруно Марс, Ед Ширан ги навредувале фановите

By

Некои од корисниците на социјалната мрежа „Редит“ пишуваат дека големите филмски и музички ѕвезди не се така културни и фини како што изгледаат на прв поглед. Тие споделија неколку приказни и искуства кои ги доживеале кога ги запознале за првпат некои од нив.

Ед Ширан

Еден корисник на „Редит“ раскажал дека кога прв пат го видел пејачот Ед Ширан во трговски центар во Вест Јоркшир, му кажал дека многу му е драго кул тоа што има можност да го запознае својот идол.

Музичарот само се правел дека го слуша и на секоја негова речеиница одговарал со „Хм, Хм“. Кога завршиле, Ширан само се свртел и почнал некултурно да се смее. Подоцна истиот корисник вели дека го забележал музичарот како се обидел да земе две чоколади без да ги плати. Девојката на благајна била фина и професионална.

„Господине треба да платите“, му кажала благајничката на Ширан, кој се правел дека е изморен и дека не слуша најдобро. Кога девојката почнала да ги скенира една чоколада повеќе пати, тој ја спречил и рекол да ја скенира секоја посебно, за да спречи, електрична неплодност“, вели корисникот на „Редит“.

Бијонсе

Една корисничка со надимак „jeyore“ раскажала дека а видела Бијонсе како се налутила за време на еден нејзин концерт, затоа што никој не стоел и плескал. По три отпеани песни, светската пејачка не сакала да се врати на сцената.

„Цели 30 минути публиката само седеше додека спикерот непрекинато говореше дека требало да го извикуваме нејзиното име“, раскажала „jeyore“.

Опра Винфри

И познатата американска тв-водителка Опра Винфри успеала да изнервира некои од своите фанови.

„Опра не ми даде бакшиш, откако потроши 200 долари на ручекот. Наместо тоа ми се потпиша на салветката и се однесуваше како да ми направила голема услуга. Најдобро од сè беше тоа што кога влезе сите мои маси беа доделени на други, а јас и обезбедив веднаш маса. Не требаше ни да чека. А таа само зборуваше како ми се потпишала на салветката, нешто што не го ни барав од неа“, вели друга корисничка на „Редит“.

 

 

Бруно Марс

Еден од корисниците на мрежата, се пожали дека пејачот Бруно Марс се однесувал некултурно додека седел во едно од големите музички студиа во Холивуд.

„Бруно Марс дојде, ме погледна и ми рече: „Каде е да го е*м моето такси?“, го погледнав и го прашав „Кој си ти?“, зашто навистина не го препознав, но фраерот се однесуваше како апсолутен кретен“, раскажува корисникот.

Иги Азалеа

Една од корисничките на „Редит“ раскажала дека додека работела како техничка поддршка во една компанија за телефони вели дека на телефон ја добила Иги Азалеа која барала помош за својот мејл на телефонот. Софтверот ја идентификувал како Аметхуст Кели.

„Првите зборови и беа: На крај некој се јави. Сега кажи ми како да го поправам мојот е**н мобилен“. Ја воден низ целата постапка чекор по чекор, но не ме слушаше. Цело време беше деконцентрирана и тогаш ме праша: „Дали знаеш која сум јас?“, го повторив името кое ми го даде, а таа ми рече: „Јас сум Иги, е**на Азалеа. Јас сум позната во Австралија“, раскажува корисничката на „Редит“.

 

Ќе ви се допадне