Бијонсе и Џеј Зи ја купија најскапата вила во Калифорнија

Бијонсе i Џеј Зи купија имот во Малибу за 200 милиони долари, а според TMZ станува збор најскапата продадена куќа во цела Калифорнија. Првично цената на куќата била 295 милиони долари, но никој се немал јавено на огласот.

Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо и е изградена од суров бетон. Покрај погледот кон океанот, во големиот двор има и базен.

Пред неа, најскапата куќа ја поседувал претприемачот Марк Андреесен (51), кој платил 177 милиони долари за својата палата во Калифорнија.

За потсетување, Бијонсе и Џеј Зи се во брак од 2008 година, а заедно имаат три деца, ќерките Блу-Ајви и Руми и синот Сер.

Scroll to Top