Бијонсе и Џеј Зи во куќа од 90 милиони долари

Бијонсе и Џеј Зи важат за една од најпопуларните брачни двојки во светот, а нивното богатство се мери во милиони. Музичките ѕвезди минатата година купиле огромна куќа во Лос Анџелес која чинела неверојатни 90 милиони долари.

Нивниот луксузен имот во Бел Ер се простирал на површина од 3,716 метри квадратни. Има четири базени, кои се наоѓаат на отворено, кошаркарски терен, како и голема гаража во која се наоѓаат 15 возила.

Освен тоа, куќата поседува спа и велнес-центар, домашно кино. Тоа што е карактеристично за нивниот дом е дека на две места имаат стаклени ѕидови кои се непробојни од куршуми.

Куќата има уште три дневни соби, две библиотеки и фитнес-центар.

 

Scroll to Top