Бијонсе ќе ја пее насловната песна во „Кралот лав“

Светската ѕвезда Бијонсе Ноулс ќе ја препее песната Can You Feel the Love Tonight, за римејкот на цртаниот филм „Кралот лав“.  Од компанијата денес потврдија дека Бијонсе ќе ја пее насловната песна, иако фановите препоставуваа оти пејачката ѝ го позајмува гласот на лавицата Нала.

Музиката за оваа песна во 1994 година ја напиша Елтон Џон, а текстот е на Тим Рајс. Песната тогаш ја пееја Џозеф Вилијамс и Сели Дворски.

Премиера за новиот филм е закажана за денот на 25 годишнината од објавувањето на првата верзија, 19 јули 2019 година.

Scroll to Top