Бијонсе сака да добие „Оскар“ за песната од „Кралот лав“

Бијонсе сака да освои „Оскар“ за песните од новиот филм „Кралот лав“ чијашто светска премиера е закажана за 18 јули. Аренби-ѕвездата во филмот го позајмува гласот на лавицата Нала, но ја пее и песната со наслов „Дух“, за која може да влезе во трката за „Оскар“. Песната на Бијонсе е дел од албумот The Lion King: The Gift, што ќе биде издаден утре.

Бијонсе е продуцент на албумот и на него соработува и со други уметници. Албумот ќе се продава заедно со главниот саундтрек за „Кралот лав“, кој се состои главно од песните од оригиналниот филм, и една нова од Елтон Џон.

„Кралот лав“ ќе почне да се прикажува во кината 25 години по оригиналот. Во новата верзија режирана од Џон Фавро играат Киган-Мајкл Кеј, Доналд Гловер, Сет Роген и Чиветел Еџиофор, а 88-годишниот Џејмс Ерл Џонс повторно е Муфаса.

Scroll to Top