Бијонсе требаше да ја игра главната улога, а не Лејди Гага: Барабара Стрејсенд за филмот „Sвездата е родена“

Барбара Стрејсенд (79) смета дека изборот Лејди Гага да ја игра главната улога во филмот „Sвездата е родена“ е погрешна идеја. Легендарната пејачка вели дека фаворит и била Бијонсе.  Барбара Стрејсенд е убедена дека Бијонсе подобро би ја одиграла улогата на ѕвезда која лошо се справува со стресот. Таа објасни дека имала сосема поинаква визија за филмот и е убедена дека со Бредли Купер, друга пејачка би играла неспоредливо подобро.

Од каде Барбара Стрејсенд доби право да зборува за филмот „Sвездата е родена“?  Бидејќи овој филм е, всушност, римејк на хитот од 1976 година, во кој таа глуми.

– Прво, кога слушнав дека ќе снимаат римејк на мојот филм и дека главни кандидати се Вил Смит и Бијонсе, си помислив ќе биде навистина интересно. Тоа би бил сосема поинаков филм, со различна музика и актери.

Бев убедена дека тоа е одлична идеја. Тогаш бев навистина изненадеан кога видов колку е сличен римејкот со оригиналната верзија од 1976 година. Филмот од 2018 година беше лоша идеја – искрено рече Барбара Стрејсенд.

Барбара Стрејсенд призна дека филмот постигнал голем успех, освоил бројни награди, вклучувајќи ја и онаа за оригиналната песна и најдобра актерка, и сите од нив отидоа кај Лејди Гага.

„Искрено, се грижам за успехот на филмот, зборувам за оригиналност„, вели  Барбара Стрејсенд и додава : Секогаш размислувам како режисер и го барам најдоброто од моите актери и пејачи.  И штета што Бијонсе не ја доби главната улога во филмот „Sвездата е родена“ – вели Барбара Стрејсенд.

Интересно е што и Џенифер Лопез изјави дека размислува да сними римејк на оваа класика со Вил Смит, но тоа не се случи.

 

Scroll to Top