Поранешниот американски претстедател, Бил Клинтон, најави дека го пишува својот втор роман, „Ќерката на претседателот“. Приказната е за некогашен претседател на САД чија ќерка ќе биде киднапирана. Романот ќе излезе во јуни 2021 година, а издавачот „Сенчри“ најави дека книгата ќе содржи „информации и детали кои само еден претседател може да ги знае“.
Клинтон и за втората книга соработува со авторот на бестселери Џејмс Патерсон, исто како и за политичкиот трилер „Претседателот е исчезнат“. Новата книга не е продолжение на романот од 2018 и ќе има сосема нови ликови. Првата книга на Клинтон се продаде во 3,2 милиона примероци.