Бил Козби е осуден за силување

Американски комичар Бил Козби вчера беше прогласен за виновен за три случаи на сексуален напад. За секој од нив би можел да добие до десет години затвор и вкупна максимална казна од 30 години. 80-годишниот актер беше обвинет дека ја дрогирал и силувал поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година.

Судот пресуди Козби да остане на слобода сѐ додека пресудата не стане правосилна. Обвинителите, пак, бараа да нема право на кауција.

„Тој треба да биде задржан во затвор затоа што е неограничено богат и би можел да избега со приватен авион“, рекол еден од обвинителите.

„Среќни сме, зашто конечно можеме да кажеме дека на жените им се верува“, додала адвокатката Глорија Олред.

Околу 60 жени во изминативе пет децении јавно го имаат обвинето Козби дека е сексуален предатор. Некои од нив присутвувале на изрекувањето на пресудата.

Scroll to Top