Бил Козби осуден за сексуален напад врз тинејџерка

Судот во Калифорнија го осуди глумецот Бил Козби за сексуален напад врз тинејџерка, кој се случил во 1975 година. Козби пред 45 години ја нападнал и силувал сега 64-годишната Џуди Хут, која сега треба да добие 500.000 долари отштета.

Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер, кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.

За потсетување, пред една година Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално малтретирање на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб. Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.

Scroll to Top