Били Ајлиш: Изгубив 100.000 следбеници поради моите гради

Светската музичка ѕвезда Били Ајлиш (19) изгуби околу 100 илјади следбеници на социјалните мрежи, откако го смени имиџот. Таа во интервју за „Ел“ вели дека тоа се случило во мај, кога објави фотографии во корсет на Инстаграм.

„Изгубив 100.000 следбеници, само поради моите гради. Луѓето се плашат од големи гради. Тоа е многу дехуманизирачко“, рече таа за нејзините обожаватели кои сè уште од неа очекуваат да носи широка облека по која беше препознатлива на почетокот на кариерата.

Били во мај годинава позираше за британското издание на „Вог“ облечена во корсет. Таа претходно црно-зелената коса ја бојоса руса. Неодамна се појави на Мет Гала во гламурозен фустан, креација на Оскар де ла Рента и тогаш изјави дека тој ја разбудил нејзината љубов кон фустаните од детството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Scroll to Top