Били Ајлиш ќе има специјален настап на Оскарите

Тинејџерската ѕвезда Били Ајлиш ќе пее на свеченоста на доделувањето на Оскарите на 9 февруари. Ова соопштение од Академијата за филмска уметност и наука ги засили шпекулациите дека таа на Оскарите ќе ја промовира насловната песна за новиот филм за Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“.

Осумнаесетгодишната пејачка, која пред неколку дена триумфираше на наградите  „Греми“ и самата се пофали дека ќе има специјален настап во театарот „Долби“. Таа нема песна номинирана за Оскар, па затоа нејзиното појавување е изненадување за јавноста.

Освен Ајлиш, вечерта ќе настапат неколку ѕвезди, меѓу кои Елтон Џон, Синтија Ериво и Криси Мец.

Инаку, песните од филмовите за Џејмс Бонд двапати добија Оскар – Адел во 2012 за „Скајфол“, а Сем Смит во 2016 за „Спектра“.

Scroll to Top