Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот Џејмс Бонд

Американската поп-пејачка Били Ајлиш ќе ја пее насловната песна за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд, „Нема време за умирање“. Таа ќе биде најмладиот музичар во историјата кој снимила песна за филмот за тајниот британски агент. Пејачка се пофали на својот профил на „Инстаграм“ објавувајќи го логото на 007.

„Били Ајлиш ја компонираше песната со својот брат Финес и ќе стане најмладиот музичар во историјата што ја снимил насловната нумера за филмот за Џејмс Бонд“, пишува на официјалната страница на франшизата.

„Откачено е да бидеш дел од ова на кој билo начин“, изјавила Ајлиш, додавајќи дека за неа ова претставува голема чест.

„’Џејмс Бонд’ е најкул филмски серијал на сите времиња. Сѐ уште сум во шок“, изјавила таа.

Инаку, последните две теми за Бонд, „Скајфол“ на Адел и „Чкртки на ѕидот“ на Сем Смит, освоија Оскар.

Scroll to Top