Бившиот и сегашниот партнер на Адел заедно на нејзиниот концерт во Лондон

By

Дечкото на Адел, Рич Пол, и нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Конецки заедно еден до друг на концертот на Адел на лондонскиот фестивал „Хјуџ Парк“.

dobivaj vesti na viber

Конецки бил фотографиран со насмевка во неколку наврати додека уживал во концертот на својата бивша сопруга, а Пол има посериозен изглед како гледач на концертот. Двајцата седеа до Камерон Дијаз и Бенџи Маден.

За потсетување, пејачката се омажи за Конецки во мај 2018 година и поднесе барање за развод во септември 2019 година. Двојката има 9-годишен син.

Адел на концертот во својата родна Британија на почетокот се обрати со „Боже мој, се вратив дома“ пред 65.000 публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

За време на двочасовниот настап таа го прекина четирипати концертот за да им помогне на неколку посетители на концертот на кои им беше потребна медицинска помош.

Настапот го одбележа враќањето на Адел по 2017 година кога одржа два концерта на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Ќе ви се допадне