Бившиот на Бритни се жали дека децата се срамат од нејзините голи фотографии

Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, во последното интервју, рече дека нивните два сина Шон Престон (16) и Џејден, не сакаат да ја видат мајка им затоа што се срамат од неа. Федерлајн рече дека на Шон и Џејден им сметаат голите фотографии кои таа ги објавила.

„Шон и Џејден не сакаат да ја видат мајка им во моментов. Поминаа неколку месеци откако последен пат се видоа со неа. Самите одлучија дека не сакаат да одат и на нејзината свадба“, рече Кевин за Daily Mail.

Додаде и дека би бил среќен кога децата би се смириле со татко ѝ на Бритни, Џејми Спирс, кој во моментов има судска забрана да им доближи. Федерлајн пред три години побара судски налог за забрана за доближување, откако Џејми физички сакал да се пресмета со Шон.

„Луѓето грешат. Жал ми е за него“, рече Федерлајн и додаде дека поради голите фотографии, пејачката ја добила судската битка за старателството против татко ѝ.

Бритни во тој период го обвини татко ѝ за злоставување и водеше неколкугодишна судска битка за да му се одземе неговото старателство врз неа. По интервјуто на Федерлајн, се огласи и Бритни на „Инстаграм“.

„Тажно е да се слуша како мојот бивши сопруг зборува за односот меѓу мене и моите деца.

Како што сите знаеме, на никому не му е лесно да одгледува тинејџери. Мене ме загрижува тоа што причината е мојот „Инстаграм“. За потсетување, Кевин Федерлајн и Бритни Спирс беа во брак од 2004 до 2007 година.

Scroll to Top