Бившиот сопруг на Меган Маркл ќе објави книга во која ќе изнесе детали за нивниот неуспешен брак

Бившиот сопруг на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, ќе објави книга во која ќе изнесе детали за нивниот неуспешен брак.

Меган Маркл наводно е преплашена што нејзиниот поранешен сопруг Тревор Енгелсон би можел да напише книга со детали за нивната врска, неуспешниот брак и разводот, што дополнително ќе ја наруши нејзината репутација.

Додека Меган размислува за можното враќање на Инстаграм и потенцијалното обновување на нејзиниот блог, еден кралски експерт тврди дека нејзиниот поранешен сопруг, Тревор Енгелсон, добил понуди да напише книга за неговиот брак со поранешната актерка од „Suits“.

Оваа мистериозна книга би можела да предизвика превирања во животот на Меган доколку еден ден заврши на полиците на книжарниците.

Пред бракот со Хари, Меган беше во брак со Тревор, сопственик на продукциска компанија, од 2011 до 2013 година. За жал, нејзиниот прв брак не преживеа, а за нивниот развод и нерасчистени несогласувања се зборува и денес. Двајцата се запознаа во 2004 година и се забавуваа седум години пред да се венчаат на плажа во Јамајка во 2011 година.

Меѓутоа, откако доби улога во популарната серија „Suits“ и ја презеде улогата на Рејчел Зејн, според блиски извори почнаа да се појавуваат првите проблеми во нивната врска.

По разводот, војвотката дури наводно по пошта му ги вратила венчалните и вереничките прстени на бившиот.

Се погласни се гласините дека поранешниот сопруг на војвотката би можел да напише книга за времето поминато со актерката, а кралскиот експерт и автор Нил Шон се огласи за тоа.

Тој тврди дека Тревор бил преплавен со понуди да напише книга за неговата поранешна.

Магазинот ексклузивно ги откри размислувањата на Шон по ова прашање: „Многу агенти му нудеа големи зделки и големи пари кога Меган беше на врвот на нејзината слава. Мислам дека тој ќе ги процени и разгледа сите опции“.

Scroll to Top