Блејк Лајви е трудна по четврти пат

Американската актерка Блејк Лајвли  се појави со труднички стомак на Самитот на Форбс „Силни жени“ во Њујорк.

Во краток светкав фустан, со насмевка на лицето, Лајви позираше на црвениот килим.

Да потсетиме дека Лајвли веќе има три ќерки, Џејмс, Инез и Бети, со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Таа сè уште ја нема официјално потврдено информацијата.

Парот не крие колку им е важен семејниот живот и колку сакаат на своите деца да им пружат нормално детство.

„Сакам моите деца да имаат нормален дневен распоред. Многу пати кога Блејк  снима, јас сум со децата и обратно. Така  правиме  компромиси. Никогаш не сме работеле во исто време”, откри Рајан во едно интервју.